ВМРО-ДПМНЕ: Владата до крајот на годината ќе го зголеми долгот за 150 милиони евра
ВМРО-ДПМНЕ во соопштение денеска наведува дека Владата на СДСМ има испланирано до крајот на годината освен тековните задолжувања да го зголеми долгот за дополнителни 150 милиони евра.
- Владата на СДС упорно продолжува да ја задолжува Република Македонија со издавање на државни хартии од вредност чин кој до пред неколку месеци СДС го оценуваше како тежок криминал, па дури им се закануваше на заинтересираните банки. СДС тогаш со помош на нивните медиумски мегафони креваа паника и хистерија, а денес истите премолчуваат и одобруваат, стои во соопштението.
Додаваат дека досега Владата само по основ на овие аукции се задолжи 70-тина милиони евра. Последната аукција изнесуваше 10,6 милиони евра од која само 227 илјади евра ќе се вратат како отплата на доспеан долг, а остатокот е чист долг на грбот на граѓаните.
Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Владата молчи и не кажа ниту за што ќе се искористат овие пари, дали со нив ќе се прави некој пат, некоја канализација, некое училиште, градинка или болница. Напротив, средствата за ваквите проекти во ребалансот тие безмилосно ги кратат.
- Граѓаните на Република Македонија со право прашуваат овие пари каде ќе бидат наменети и за што. Дали овие пари ќе се искористат за исполнување на ветувањата за минималната плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари и плата од 100.000 денари за докторите или СДС парите ќе ги искористи за партиски вработувања, набавки на октоподи, морски плодови, опрема и аранжирање на цвеќиња, се истакнува во соопштението.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка