ВМРО-ДПМНЕ: Владата да им ги рефундира потрошените пари на граѓаните за вакцини надвор од земејата
Неспособноста на Филипче и Заев резултира со тоа околу 20 илјади граѓани викендов да се ревакцинираат, а некои и вакцинираат против корона главно во Србија, некои и во Бугарија.
Во меѓувреме, во Македонија три дена вакциналните пунктови беа под клуч. Се разбира дека ќе се под клуч кога има само вакцини за оние кои треба да се ревакцинираат, но нема за лица кои сакаат, ама и треба да се вакцинираат.
А зошто Филипче би мислел дали граѓаните се вакцинирани, кога ќе стекнат имунитет, што во пресрет на евентуалниот четврти бран, па тој си има работа. Филипче си ангажира ПИ-ар, си плаќа од парите на народот за да му кажат како да се изрекламира, дека треба во личната промоција да вклучи и некое дете. Срамота!
За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е тука исклучиво за граѓаните, затоа предлагаме Владата да ги компензира трошоците на македонските граѓани кои одат на вакцинација надвор од Македонија.
Сите граѓани на Македонија кои плаќаат даноци тука, плаќаат здравствено осигурување тука, а имаат дополнителни трошоци за пат до вакциналните пунктови во соседните земји, трошоците да им ги рефундира Владата.
Тоа се трошоци настанати по вина на Филипче и Заев, затоа и треба да си ги платат.
Доста Филипче и Заев мислат само на својата екипа и ги делат граѓаните, граѓани од прв ред и граѓани од втор ред.
Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации на ВМРО – ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка