Македонија
19. May 2019 - 9:43

ВМРО-ДПМНЕ: Вицеканцеларот на Австрија си даде оставка, а на Богоевски око не му трепнува

Австрија и која било членка на ЕУ се светлосни години пред нас. Политичката одговорност е особина на секој политичар во Европа, ама не и во Македонија.

Вицеканцеларот на Австрија си даде оставка, а на Богоевски око не му трепнува.

Заев беше фатен како бара мито по шемата – евро за Вицето, евро за црквата, целата јавноста ка гледаше снимката, а тој не ни помисли на оставка.

Венко Филипче е посочуван од страна на медиумите за непотизам при делење на тендери во здравството, а оставка нема.

Мила Царовска е фатена во малверзации со парите на пензионерите, а одговрност за никого нема, уште помалку оставки.

Убиства се случуваат на секој чекор, безбедноста е нарушена, а Оливер Спасовски не си поднесува оставка.

Економијата тоне, германските инвеститори ја оценија со нула, а Кочо Анѓушев наместо да си даде оставка си дава тендери.

Нивото на капитални инвестиции за првите три месеци од годината е само 6%, а нема оставка од Сугарески.

Тевдовски се крие и не си дава оставка, а државата ка задолжија за над половина милијарда евра за две години.

Љупчо Николовски наместо да си даде оставка, бидејќи земјоделието е во хаос, а откуп нема за ништо, тој се шета со старлети низ светските метрополи.

Државата е во хаос, а Заев кој е најодговорен за таквата ситуација се крие за да ја доограби државата. Потребни се оставки и тоа веднаш. СДСМ треба да си замине.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ