ВМРО-ДПМНЕ: Веднаш да се повлече Законот за попис од собраниска дебата
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бараат веднаш да се повлече Законот за попис од собраниската дебата и да се организира внатрепартиска и внатре државна дебата на целата територија на Република Македонија.
Спроведувањето на попис мора да се темели на постигнат консензус од сите политички чинители, сите општествени фактори, за да може да дојдеме до успешно спроведена статистичка операција во која што ќе имаат доверба сите граѓани на Република Македонија.
После очигледната злоупотреба на европското знаменце, одбивањето на сите конструктивни амандмани на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, власта продолжува со своето самоволие, нетранспарентност и арогантност да спроведува штетни решенија за државата и граѓаните.
Ние, пратениците во Собранието на Република Македонија сме бирани од страна на граѓаните и треба да ги браниме интересите на граѓаните и токму затоа ги повикуваме граѓаните на мобилизација, заедно да поднесеме иницијатива до подрачните единици на Министерството за правда, за собирање на потписи за предлог закон кој што ќе биде доставен во Собранието и за поништување на овој закон кој што по насилен пат, планира парламентарното мнозинство да го донесе.
Република Македонија треба да спроведе попис кој што ќе ги содржи препораките на Евростат и регулативите на Европскиот парламент како и препораките и стандардите на Обединетите нации и затоа како земја која што треба да започне преговори со Европската Унија не смееме да си дозволиме експерименти кои што очигледно се само коалициски пазарења.
Граѓаните уште сега кога не е донесен ниту законот за попис немаат доверба во оваа операција и затоа ние како пратеници имаме должност и обврска да направиме се за овој процес да запре и да започне одново и консензуално да покажеме дека сепак за битни прашања знаеме и можеме да носиме исправни одлуки.
Апелираме до пратениците од парламентарното мнозинство да се издигнат над ситуацијата и како приоритет да ги стават интересите на Република македонија и граѓаните, а не нивните партиски интереси.
Дафина Стојаноска, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово