Македонија
20. October 2018 - 16:17

ВМРО-ДПМНЕ: Вчера бевме сведоци на кршењето на европските вредности, на притисоци, уцени

Ова не се европски вредности и демократијата кон која што тежнее Македонија и македонскиот народ. Македонија низ историјата поминувала низ премрежија но секогаш излегувала само како победник. Вчера бевме сведоци на кршењето на европските вредности, на притисоци, уцени, па дури и сомнеж за корумпирање се со цел да се спроведе штетниот и капитулантски договор на Заев со кој се сруши интегритетот и суверенитетот и идентитетот на Република Македонија. Вчерашниот ден ќе остане запомнат како црн петок. Најцрн и најсрамен ден, во кој ордите на Заев го претворија демократскиот храм во пазар со името на државата. Вчера бевме сведоци дека македонското собрание беше окупирано како да сме во состојба на војна, изјави Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.