Македонија
17. August 2018 - 13:34

ВМРО-ДПМНЕ: Укинувањето на евтините летови е на директна штета на младите

Власта удира по џебот на младите. Укинувањето на евтините летови на Виз ер е на директна штета на младите луѓе, кои со евтините билети имаа можност да прошетаат низ Европа, да ги посетат своите роднини и пријатели со помалку средства.

СДСМ ветуваше подобри услови за младите, а се што прават е да ја враќаат државата назад во минатото. Наместо власта да бара и мотивира и други превозници, кои би отвориле многу дополнителни дестинации таа не бира начин да ги избрка постојните.

Виз ер е компанија која годишно врши превоз на над 1 милион патници во Република Македонија, со евтини билети на голем број дестинации на Европскиот континент. Голем број од тие 1 милион патници меѓу кои повеќето млади луѓе за првпат се возеле со авион токму поради цената на билетите и широката лепеза на летови.

Која е причината власта сега да удира по евтините летови, од кои бенефит видоа особено младите луѓе?

Несериозни и смешни се и оправдувањата на Сугарески дека тендерот е прекинат затоа што на пликото во кое било ставена тендерската документација не било напишано целото име и адреса на компанијата и тие претставуваат само евтин обид да се залаже јавност.

Младите од оваа власт за повеќе од година дена колку управува со државата видоа само уназадување. Власта нема направено ниту еден проект за младите, се што ветија излажаа, а го ускратија и она кое што не го ветија.

Ускратувањето на можностите на младите не е европска вредност. Уназадувањето на државата на сите полиња не не носи во ЕУ и НАТО. Додека СДСМ декларативно се залага за ЕУ во реалноста прават се за да не влеземе.

Евроатлантската перспектива на Република Македонија е сериозно нарушена и за тоа главен виновник е СДСМ. Оваа партија мора да си замине и да запре со штетата која и ја нанесоа на државата и граѓаните, изјави Томи Кепевски, ВМРО-ДПМНЕ