ВМРО-ДПМНЕ: УЈП и Финансиска полиција дувло за рекет?
Ковачевски и СДСМ знаат дека ќе доживеат дебакл, затоа институциите се распаѓаат, УЈП и Финансиска полиција дувло за рекет?
Гледаме од препукувањата помеѓу Вилма Русковска и Арафат Муареми како полека ќе почне да излегува сето она што го правеле, сето она што го ставале под тепих и мислеле дека нема да се дознае.
Русковска и Муареми покажуваат како биле злоупотребувани институции, и тие обвинувања и индиции мора да имаат разрешница. Мора да се види како наместо борба против криминалот, тие го правеле?!
Муареми и другите институции во системот мора да кажат дали и ако да, зошто биле злоупотребувани истраги од страна на финансиската полиција за рекет?
Дали се отворани предмети за да се држат под закана од прогон луѓе или фирми, а потоа откако ги дисциплинирале ги ставале во фиока?
Русковска пак треба да каже зошто молчеле до сега и од кога знае за таквите наводи?
Одговорност мора да има, и овој случај мора да се изведе до крај.
Дека институциите се трули покажува и даночниот криминал од скоро 100 милиони евра, кој бил правен со фиктивни фактури, а кој УЈП го криеше од јавноста се додека ВМРО-ДПМНЕ не обелодени сомнежи за криминал.
Како доаѓа крајот на власта на СДСМ и ДУИ, така се повеќе излегуваат на површина нивните криминали. Ваквите случаи дополнително ќе бидат истражени по промената на власта и секој кој се огрешил пред законот ќе треба да одговара, а не да се крие зад поранешни функции или политички позиции. Законот ќе важи еднакво за сите.
Ново на Сител
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка Филипиду
-
Пожар во парламентот во Романија, евакуирани 300 луѓе
-
Грузија донесе закон за семејни вредности и против промоција на хомосексуалните односи
-
Формиран Совет за управување со јавни финансии