Македонија
12. November 2018 - 16:15

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Груевски е под политички прогон, СДСМ негира

Поранешениот премиер Никола Груевски не се јавил на издржување на затворската казна, информираат од Основниот суд Скопје 1.

Во соопштението објавено на интернет страницата, судот наведува дека во текот на денот добиле известување од Затворот Скопје во кое се наведува дека обвинетиот во предметот ТЕНК, не се јавил на одлежување на правосилно потврдената казна.. Судот информира дека и денеска имало нови обиди да се достави решението на Кривичниот совет.

Тој во петокот одлучи да ја одбие жалбата на Груевски за одложување на затворската казна.

Според соопштението на Кривичен, доколку нема доставата на решението од Кривичниот совет, судијата за извршување санкции може да преземе и дополнителни мерки согласно законот..