ВМРО-ДПМНЕ: Трошоците растат, платите стагнираат, граѓаните се посиромашни
Државата и граѓаните со секој поминат ден се се посиромашни. Индексот на трошоците за живот во 2018 година во однос на 2017 година е зголемен за 1.5%.
Додека трошоците растат, платите стагнираат. Според податоците на Државниот завод за статистика индексот на цените на мало во 2018 година во однос на 2017 година е зголемено за 2.7%. Ова значи дека граѓаните со секое пазарување во маркет, бензинска станица, аптека или друга фирма со трговија на мало во просек плаќале повеќе од 2017 година.
Во континуитет се зголемува бројот на граѓани кои преживуваат под прагот на сиромаштија изнесува дури преку 500.000 граѓани.
Наместо живот за сите, дојде живот за власта. Наместо парите кај граѓаните, имаме пари кај власта.
СДСМ ги зацрни граѓаните. Државата само стагнира, економијата тоне, а луѓето имаат се помалку пари.
Потребно е СДСМ што побргу да си замине за државата да може да тргне напред, со СДСМ на власт не очекува само сиромаштија и економски крах. Црнилата не смеат да бидат наше секојдневие. Црнилата мора да бидат
поразени. Зората мора да изгрее. Македонија заслужува да тргне напред.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право