ВМРО-ДПМНЕ: Тргаме во офанзива, нападната ни е Татковината, Македонија треба да се брани!
Тргаме во офанзива, нападната ни е Татковината, Македонија треба да се брани.
Со оваа порака ВМРО-ДПМНЕ започнува со мобилизација на партиското членство и структури, јавуваат медиумите. Според информациите, до сите општински комитети од вчера пристигната е насока во текот на денешниот ден да се свикаат состаноци на општинските партиски ограноци во проширен состав на кои ќе се координираат следните чекори по намерата на СДСМ и ДУИ да ја редефинираат Македонија.
„Во текот на утрешниот ден треба да одржите итна седница на Општинскиот комитет во проширен состав, со сите претседатели на месни комитети. Уште од вечер известете ги сите членови задолжително да бидат присутни на состанокот што значи вечерва и утре од сабајле преку итни кол-центри да ги информирате. Насоки по однос на темата на состанокот ќе доставиме во текот на утрешниот ден. Тргаме во офанзива, нападната ни е Татковината, Македонија треба да се брани. Следува бурен период, пролет со многу енергија и борба за ВМРО и Македонија. Ќе победиме!
Да живее ВМРО, да живее Македонија!!!“ – стои во пораката која вчера попладне била испратена до членството.
Од ВМРО-ДПМНЕ ги потврдуваат информациите дека се одржуваат состаноци на партиските тела но не откриваат повеќе детали.
Партискиот лидер Никола Груевски завчера пред новинарите рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на браникот на државата и македонските национални интереси и дека нема да дозволи гласот на мнозинството Македонци да биде замолчен.
Ново на Сител
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро