Македонија
16. February 2021 - 8:58

ВМРО-ДПМНЕ: Требаше да има вакцини од Бугарија, од Грција, еве само Србија се смилува за првите 4680 дози

Тоа што Србија одлучи да донира вакцини против корона за граѓаните во Македонија не ја покрива неспособноста на Филипче и Заев.

Фактот е еден дека тие не можат да обезбедат вакцини за граѓаните на Македонија.

Факт е дека двајцата само просат за вакцини кај стигнат. Требаше да има вакцини од Бугарија, од Грција, еве само Србија се смилува за првите 4680 дози. Требаше да има КОВАКС, од директни договори…Се уште ништо нема.

И вакцини, од оние кои се донација од Србија, ќе има за медицинските лица на првата борбена линија со короната, ама кој знае до кога ќе нема за остантите. Каде се останатите медицински лица, оние кои исто се првите борбени редови.

Ако САД и претставници на Европската унија работат на договори за вакцини уште од лани од август тоа значи дека Филипче и Заев требаше уште многу порано да испланираат од каде и како ќе набавуваат вакцини.

Очигледно приоритет им се само провизиите, а не здравјето на граѓаните.

И додека тие се грижат за провизиите Македонија се уште ја нема на листите каде се брои колку граѓани од една држава се вакцинирани.

Македонија повторно е црна дупка и во светот и во Еропа.

За ова одговорност мора да има!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ