Македонија
16. August 2016 - 15:52

ВМРО-ДПМНЕ: Трајановски е најуспешен градоначалник на Скопје

СДСМ продолжува да бара оставка од најуспешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, бидејќи не сака кога во Скопје се подобруваат условите за живот. Градоначалникот Трајановски веќе два мандата одговорно и посветено работи за Скопје и тоа е очигледен проблем за СДСМ.

Ова го порачува ВМРО-ДПМНЕ во писмена рекациј ан денешното соопштение на СДСМ во кое побар оставка иодговрност од градоначалникот Трајновски.

- СДСМ лаже дека во Скопје не биле приоритет канализациските мрежи за Црешево, Смилковци, Виниче и Љуботен. СДСМ треба да ги праша своите советници во Советот на Град Скопје, дали Градот Скопје не одвои средства со меѓуопштинска соработка за изградба на фекална мрежа за овие населени места, пред да истура куп невистини и измислици во рамките на нивната црна кампања против Градоначалникот Трајановски, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот Трајановски, се додава, со многу труд и грижа работи за доброто на жителите на Скопје.

- Тоа е нешто што СДСМ никогаш не го направи и е непознато за функционерите на оваа партија. Затоа СДСМ и на наредните локални избори нема да добие шанса од граѓаните ниту да се доближи до позицијата Градоначалник на Град Скопје, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.

Нагласува дека нивен прв приоритет останува надминувањето на последиците од катастрофалното невреме и помошта на погоденото население.

- СДСМ слободно може да продолжи да тоне во деструкцијата. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи целосно да се посветува на помошта на терен која им е најнеопходна на нашите сограѓани. Деструкцијата на СДСМ нема да не поколеба секојдневно да бидеме со најпогодените, да им помагаме, да ги слушаме нивните проблеми и да бараме решенија за нивно надминување, се нагласув во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ.