Македонија
17. March 2019 - 14:53

ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски потврди дека економските политики на ВМРО-ДПМНЕ биле добри

Драган Тевдовски потврди дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ во економијата биле добри. Тоа што сега има странски инвестиции кои ја реинвестирале добивката е резултат на успешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото.

Тевдовски и Заев ја урнисуваат економијата. За две години колку што се на власт долгот е зголемен за над половина милијарди евра.

Тевдовски и Заев не направија ништо. Нивото на капитални инвестиции во 2018 година беше на најниско историско ниво, истото е случај и оваа година. Имено во првиот месец од годинава реализирани се само 1% од годишно предвидените.

Финансиската политика е очајна, тоа го знаат и Тевдовски и Заев, а го знаат и граѓаните. 500.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштија.

Граѓаните се се посиромашни. СДСМ и Зоран Заев мора да си одат. Победата на претседателските избори на Гордана Силјановска Давкова ќе биде причина за распишување на предвремени парламентарни избори.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ