ВМРО-ДПМНЕ: Таравари и неговиот тим да си поднесат оставка
ВМРО-ДПМНЕ го повикува министерот за здравство Арбен Таравари да си поднесе оставка, бидејќи се уште нема точна дијагноза од што починале двете лица од Симница и не се знае дали е набавен потребниот реагенс и која е вирусната болест што се шири низ Гостиварско.
- Граѓаните додека се во хаоси и паника, службите на Министерството спијат. Катастрофално е министерот и премиерот да немаат обезбедено реагенси за констатирање на дијагноза. Страшно е 5 дена да немаат никаков интерес да санираат една појава на тешка болест, воопшто да не се замараат за здравјето на луѓето од Симница и Гостиварско, и наместо да покажат грижа да се обидат да го сокријат настанот, рече Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Нагласи дека министерот Таравари дава паушални изјави од Америка додека во Гостиварско умират луѓе и сите се во страв и паника, исплашени за своите животи и животите на своите деца.
- Гостивар е загрозен опасно, ситуацијата е алармантна, а Таравари си прави екскурзии во Америка. Цел Гостивар е во паника, жителите на Симница се вознемирени и смртно исплашени, вработените во инфективната клиника во Скопје се во паника, и во право се. Заради неспосветеноста на Таравари се создаде хаос и неизвесност која ги загрози и ги загрозува граѓаните на Македонија. Најмалку што може да направи во моментов Таравари е да си поднесе оставка заедно со целиот тим, потенцира Стојаноска.
Ново на Сител
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас
-
Средношколци влегуваат во сексуални односи, а не знаат како да се заштитат од преносливи болести
-
Свештениците, монасите и верниците се простија од Тимотеј
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење