Македонија
21. November 2019 - 16:52

ВМРО-ДПМНЕ: Судството и обвинителството прават театар за да го сокријат нарачателот на ослободувањето на Јанева

Русковска обвинителството и Кацарска судството совршено, но провидно го глумат театарот дека наводно се караат за ослободувањето на Катица Јанева, додека пак Заев, СДСМ и Владата молчат и гледаат од страна.

Сите се свесни дека Зоран Заев е тој што ја ослободува Катица Јанева од притвор, бидејќи и самиот си имаше кажано уште на лидерската средба во Собрание  пред неколку месеци дека ќе ја ослободи и ќе ја извади Катица Јанева од притвор.

Нема јакна што може да го покрие срамот од оваа срамна и смешна одлука на институциите.

Сценариото е организирано од СДСМ. Целата постапка за случајот Рекет се водеше непрофесионално и аматерски. Катица Јанева најпрвин ги избриша доказите и ги форматираше компјутерите во СЈО, потоа ги изгуби телефоните исто како и Фросина Ременски.