ВМРО-ДПМНЕ: Судската власт да не биде алатка за политичка пресметка
Во интерес на демократијата и владеењето на правото, судовите не треба да бидат соизвршители на политички монтираниот случај за тероризам против десетици граѓани во врска со настаните од 27-ми април.
Судската власт треба да биде гарант на законитоста во кривичните постапки, а не алатка во процесот на политичка пресметка. Апсурдноста на делото кои им се става на товар на десетици македонски патриоти е вон секоја правна логика. Целиот процес е конструкција и не и служи на правдата, туку на политиката.
Судот како орган кој ја донесува одлуката, не смее да остане нем на прекршувањата во постапката кои ги нотираше Народниот правобранител. Судот не смее да ги занемари ни фактите дека притворените се лишени од основните права кои им се гарантираат со закон, како што неколкукратно информираа медиумите.
Притворот се користи како средство за притисок и казна, а целиот правосуден систем е ставен во погон за монтирање случаи за пресметка со политички неистомисленици.
Македонските граѓани се лишени од основните човекови права.
Република Македонија во 21 век ја живее новата инквизиција. Декларативните заложби на власта за демократизација и владеење на правото, се само празни флоскули, кои го затскриваат кршењето на законите, Уставот и меѓународните конвенции.
Република Македонија нема да тргне ни чекор кон ЕУ и НАТО се додека институциите се користат за пресметка со политичкиот противник. Институциите мора да станат чувар на законитоста и стожер на државата.
Практиката на злоупотреба на институциите мора да запре во интерес на државата и нејзината иднина. Демократијата и правната држава се право на граѓаните и тоа право не смее да им биде скратено. Невините и неправедно притворени мора да бидат ослободени.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација