ВМРО-ДПМНЕ: Судиите не смеат да потпаѓаат под притисок на политички моќници
Македонија е единствената земја во Европа во која патриоти во монтиран случај се обвинети за тероризам само затоа што гласно го кажале својот став, кој е спротивен на власта.
За демонстрацијата на сила и самоволие да бидат уште повпечатливи, обвинетите се држат во притвор без да им се земе изјава или да им се почитува правото на одбрана.
Во изминатите 8 месеци се прекршија сите принципи на владеењето на правото и дрмократијата. Недозволиво е во земја аспирант за влез во ЕУ и НАТО да има политички затвореници кои сеуште немаат фер услови за докажување на вистината.
Само во афрички диктатури се казнува и затвара без докази и треба да се докажува невиноста, наместо обратно.
Судовите, оваа влада предводена од СДСМ ги претвори во обични егзекутори на политичкото самоволие.
Институциите се создадени за да служат на сите подеднакво и да одлучуваат врз претходно определени принципи за работа. Не смее да има двојни аршини кога се работи за луѓе блиски на власта или на тие што ја критикуваат. Не смее за пратеници од листата на владеачката партија да бидат повлечени обвинувањата за уништување на државен имот, а во притвор да се држат патриоти чиј единствен грев е што си ја сакаат својата татковина.
Мерката притвор се злоупотребува како казна за тие што се спротиставуваат на деструктивната и расипничка влада на СДСМ. Со тоа се прави обид да се замолчат сите кои не се согласуваат или и стојат на патот на недемократската власт.
Судиите мора да покажат интегритет и несмеат да потпаѓаат под притисок на политички моќници кои кога тогаш ќе бидат симнати од власт.
Судот и сите останати институции мора да работат исклучиво во интерес на граѓаните и согласно законот. По промената на власта сите пресуди и одлуки може да биат преиспитани.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка