ВМРО-ДПМНЕ: Субвенционирањето на придонесите ќе донесе само статистичко покачување на платите
Реакција на соопштението на СДСМ
Македонските граѓани живеат на работ на сиромаштијата. СДСМ не направи ништо што реално би ги покачила платите на граѓаните. Мерката за субвенционирање на придонесите има за цел да овозможи само статистичко покачување на нето платата. Реално покачување нема и тоа граѓаните секојдневно го чувствуваат во борбата за гола егзистенција.
Над 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата во Македонија. Поради катастрофалните политики на СДСМ во Македонија над 140.000 млади се сиромашни. Според истражувањата 71, 8 од младите сакаат да се иселат додека 70% од граѓаните земаат плата помала од просечната.
Економијата секојдневно тоне додека СДСМ неконтролирано ги троши парите на граѓаните и се задолжува. Така јавниот долг достигна енормни 5,3 милијарди евра и ја помина психолошката граница од над 50 % до БДП.
Македонската економија на чело со неспособниот економски тим на Зоран Заев и СДСМ очајно заостанува зад економиите како во соседството така и во Европа. Со мизерната реализација на капиталните проекти од само 24,5 % заклучно со месец Јуни односно за 7 месеци од годината само се докажува фактот дека СДСМ располага единствено со неспособен кадар кој ја води државата во економска бездна.
СДСМ мора веднаш да си заминат за да платите реално почнат да растат. СДСМ мора да си заминат за да економијата и стандардот почнат реално да растат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари