Македонија
19. September 2019 - 11:12

ВМРО-ДПМНЕ: Субвенционирањето на придонесите ќе донесе само статистичко покачување на платите

СДСМ донесе само мизерија и низок стандард за живеење. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Над 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата во Македонија. Владата на СДСМ само им одзеде на граѓаните пари со разните покачувања на даноците и давачките. Покачувањето на платите е фиктивно и граѓаните на Република Македонија немаат почувствувано ниту една добра и реална мерка од страна на СДСМ која  ќе им го подобри животот.

Мерката субвенционирање на придонесите има за цел да овозможи само статистичко покачување на нето платата и е непазарна и контроверзна мерка.

Во Македонија има пад на продуктивноста за 2,2 % што е катастрофален податок. СДСМ континуирано ги зголемува трошоците за плати и надоместоци што значи дека врши нови вработувања во државната администрација која и онака е претрупана. СДСМ пред да дојде на власт говореше дека Македонија има преобемна и неефикасна администрација за сега кога дојде на власт континуирано го зголемува нејзиниот број.

Единствениот интерес на СДСМ е да ги вработи своите партиски послушници за кои реално нема потреба во и онака пренатрупаната администрација. Ваквите непродуктивни вработувања ја намалуваат просечната продуктивност по работник во Македонија  и негативно влијаат врз политиките за развој на приватниот сектор.

Македонската економија  никогаш не била во полоша состојба. Со ребалансот на буџетот скратени се 52 милиони евра од ставката за капитални проекти. Дека СДСМ ништо не работат во делот на економијата јасно покажуваат и податоците од Министерството за финансии во делот на капитални трошоци кои изнесуваат заклучно со месец Јули односно за 7 месеци од годинава мизерни 24, 5 %.Има пад на работниците  во индустријата за  2,5 %.Странски инвестиции  скоро и да нема додека граѓаните секојдневно се иселуваат.

За тоа дека владата води неуспешни економски политики говорат и фактите дека во Македонија над 140.000 млади се сиромашни. Според истражувањата 71, 8 од младите сакаат да се иселат додека 70% од граѓаните земаат плата помала од просечната.

Задолжувањата се секојдневие додека јавниот долг достигна енормни 5,3 милијарди евра. Капитални проекти или се во застој или воопшто не се градат. Со СДСМ македонската економија ги доживува своите најлоши времиња поради неефективните и неефикасните економски политики на неспособноста на  СДСМ и нејзините кадри.

СДСМ на чело со Зоран Заев мора да се заминат  за граѓаните да се ослободат од  економската и егзистенцијалната агонијата која трае повеќе од 3 години.