Македонија
19. April 2019 - 11:27

ВМРО-ДПМНЕ: Стево Пендаровски и Зоран Заев се иста паричка со лице и опачина

Зоран Заев, Стево Пендаровски и СДСМ се промотори и заштитници на криминалот. Зоран Заев е единствениот политичар три пати аболициран за криминал, а Пендаровски единствениот кандидат кој што јавно признава дека е 102,5% ист со аболицирани криминалци. Затоа партијата привлекува на митинзи луѓе како Бајруш Сејдиу кои во првите редови најдобро ја одразуваат политиката што ја промовираат Пендаровски и Заев.

Лицемерно е СДСМ, партијата која направи селективна амнестија да зборува за настаните од 27-ми април.

На партиски собир за Стево Пендаровски, видовме како лице се закануваше дека со пиштол ќе упадне во ДИК и притоа ниту Пендаровски, а ниту безбедносните служби не реагираа.

Со СДСМ на власт криминалот и насилниците царуваат со улиците, имаме бројни нерасчистени убиства и секојдневни мафијашки пресметки во центарот на Скопје.

Стево Пендаровски и Зоран Заев се иста паричка со лице и опачина, а тоа го призна и самиот Пендаровски кој рече дека 102,5% е ист како Заев.
 
Гласот за Стево Пендаровски е глас за Зоран Заев и сите негови криминали и матни зделки.

Глас за Пендаровски е глас за слобода на над 800 криминалци пуштени од затворите кои слободно дивеат по улиците, слобода за убијците на децата од Смилковско и минимални казни затвор за терористи од ИСИС кои убивале и масакрирале илјадници невини луѓе.

На Македонија и е потребна правда и заштита на Уставот и законите. Тоа единствено ќе се случи доколку на 21-ви април и на 5-ти мај победи професорката Гордана Сиљановска Давкова. Татковината повикува.