Македонија
4. December 2019 - 9:39

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно и несериозно е Рускоска да покренува обвинение без да ги заврши сите вештачења

Ако за Русковска не е важно каде завршила торбата Луј Витон, за граѓаните на Македонија е многу важно.

Ако за Русковска не е важно кој е на снимката што ја презема торбата Луј Витон од домот на Боки 13, за сите обични луѓе кои ја плаќаат цената на корумпираната и криминална власт е исклучително важно.

Срамно и крајно несериозно е Русковска да покренува обвинение без да ги заврши сите вештачења и истражни дејствија. Тоа покажува дека главна цел на обвинителството во целиот случај е да се прикријат трагите кои водат кон главата на октоподот Зоран Заев.

Затоа И целиот случај се развлекува.Затоа шест месеци откако е пријавен случајот главен фокус на истрагата се Зоки Кичеец, Боки 13 И Катица Јанева, а нарачателите и луѓето кај кои завршиле парите остануваат далеку од рацете на правдата.

Граѓаните мора да дознаат кои политичари ја злоупотребиле својата функција за рекетирање на фирми и бизнисмени.

Додека граѓаните ги плаќаат политичарите да работат за државата, тие рекетирале милиони од бизнисмени и фирми.

Доколку Русковска сепак ја развлекува постапката и не ги изнесе деталите пред јавноста, таа како и сите инволвирани во милионскиот рекет ќе се соочат со лицето на правдата по враќањето на правната држава во Македонија по 12 април.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ