Македонија
2. July 2016 - 17:57

ВМРО-ДПМНЕ: Соработка со европските институции за поголема апсорпција на ЕУ фондовите

Како партија која е секогаш на страна на народот, ќе се залагаме за развој на Македонија и остварување на нашите стратешки цели. На овој пат ќе соработуваме со сите европски институции за поголема апсорпција и ефикасност на ЕУ фондови.

Тоа се наведува во соопштиение од ВМРО-ДПМНЕ во однос на  одлуката за намалување на средства од ИПА фондовите за Македонија.

- Политичката криза во која што Зоран Заев ја втурна Република Македонија, придонесува за одлуки кои се на штета на граѓаните. Тоа е целта на тие кои посакуваат проблеми во Македонија, а бегаат од демократско соочување со народот на избори. СДСМ го смета како сопствен успех секое евентуално намалување на европските фондови, поради кризата која ја креира. Исто како што се исполнува со среќа доколку не се случи инвестиција во Република Македонија,  соопштуваат од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ,  додаваат, ќе опстои на реализација на проектите од својата програма, како што тоа до сега сме го правеле. Ќе работиме на отстранување на сите пречки за поголема апсорпција на средства од ЕУ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните најдобро знаат кој се бори да донесе инвестиција или проект повеќе во Македонија. - Народот знае и кој го мери сопствениот успех преку зголемување на проблемите за државата. Затоа СДСМ бега од избори бидејќи граѓаните немаа дилеми кому ќе ја дадат довербата, се вели во соопштението од   ВМРО-ДПМНЕ.