ВМРО-ДПМНЕ: Со законските измени за пазарите засегнати луѓето кои егзистираа од тезгите
Одродената и криминална власт продолжува да ги осиромашува граѓаните. На мета се сите оние кои чесно го заработуваат лебот, немаат за луксузен живот и ги плаќаат своите обврски кон државата. Зоран Заев со почетокот на новата 2019 година удри и по пазарите со законските измени кои ги донесе власта на СДСМ.
Законските измени донесоа драконски казни и нови одредби кои се спротивни на интересите на граѓаните и спротивни на интересите на пазарџиите кои со години чесно го заработуваат парчето леб. Со новите законски измени сите оние пензионери чии пензии се недоволни за да преживеат, луѓе кои најчесто се директни жртви на криминалната транзиција која ја спроведе СДСМ сега нема да смеат да работат на тезгите од кои егзистираат со години.
Пазарџиите нема да смеат да продаваат ниту облека на пазарите нешто што е децениска традиција за македонските пазари. Се прашувате зошто? Одговорот е едноставен, сигурно се работи за лични интереси на одреден круг на луѓе околу Заев или пак негов личен за заземање на простор и во овој бизнис сектор.
Црнилата се насекаде, црнилата се во законските измени на штета на граѓаните, зголемените даноци, маките на пазарџиите и сите анти-реформи кои ги спроведува власта изминативе две години власт. Црнилата на СДСМ тежат на плеќите на обичниот човек, тежат и го влечат надоле заедно со цела држава. Македонскиот граѓанин е спремен да ја отстрани тежината на црнилата, спремен да и каже доста е на одродена и криминална власт предводена од аболицираниот Заев на следните избори. Македонскиот граѓанин е зората!
Ново на Сител
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија