Македонија
5. March 2021 - 11:11

ВМРО-ДПМНЕ: Со Заев и Спасовски Скопје стана небезбеден град

Со Заев и Спасовски Скопје стана небезбеден град. Убиства со калашников на сред улица станаа секојдневие. Двократното убиство од утринава само го потврдува тоа.

Двајца луѓе се буквално изрешетани со калашников, а полицијата не само што ги нема фатено, туку и не знае за убијците.

Убиството од утрово е по ист рецепт како убиството на Рузвелтова, кога исто така беа убиени двајца луѓе од друго возило во движење. И тој случај, како и овој од утрово е нерасчистен. Спасовски не ги знае убијците и тие се на слобода, и можат да го повторат делото.

Во последните 4 години додека е Спасовски министер, ова е едно од десетина убиства, за кои не се знае ништо, а убијците се на слобода.

Спасовски да каже како може некој да поседува калашников, а полицијата затоа да не знае. Дали граѓаните се безбедни и како тој тоа го гарантира, кога секој криминалец почна во кола да носи калашников?

Спасовски и политичкиот дел од полицијата станаа главни заштитници на криминалот. Нема друг одговор освен сојуз помеѓу мафијата и Спасовски.

Спасовски свесно ги дозволува мафијашките дивеења. Додека мафијата дивее, народот е уплашен.

Спасовски и сите заштитници на криминалот треба да знаат дека следува одговорност и дека за ваквото не делување и непостапување ќе одговараат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ