Македонија
25. August 2017 - 10:41

ВМРО-ДПМНЕ: Со парите од задолжувањата можеше да се модернизира железницата

ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение посочува дека со парите од девизните резерви и аукции подигнати во изминатите три месеци, Владата на СДСМ можела да направи сериозни вложувања во железничката инфраструктура.

- Набавка на еден нов патнички воз на дизел или електричен погон, со кој би се превезувале и бенефит би виделе илјадници граѓани, чини околу 4.000.000 евра. Во изминатите неполни три месеци СДС од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии подигнаа 334 милиони евра. Со парите кои ги потрошија СДС и Заев можеа да купат дури 80 нови патнички гарнитури и сериозно да вложат во железничката инфраструктура, вели ВМРО-ДПМНЕ. 

Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ прашува на што се потрошени околу 334 милиони евра по основ на повлечени пари од девизните резерви и задолжување од издадени државни хартии од вредност. ВМРО-ДПМНЕ наведува дека „парите се потрошени за луксузирања на СДСМ, наместо за потребите на граѓаните“.