Македонија
18. April 2021 - 9:43

ВМРО-ДПМНЕ: Со кого Седат Пекер имал средби во Влада и зошто не е протеран во Турција каде се бара со потерница

Зоран Заев да каже зошто Седат Пекер се среќавал со негови коалициони партнери и функционери во неговата власт и за што разговарале тие?

Заев и владата молчат и не кажуваат дали Седат Пекер бил и на состаноци во владата, и доколку да, што се разговарало на тие состаноци?! Дали било разговарано за одредени бизниси и дали врска со нив има Вице Заев?!

Со што Седат Пекер го задолжил Зоран Заев и владата за тие да му дадат полициско обезбедување и автомобили со флешери?! Законски е јасно пропишано кој може да има полициско обезбедување.

Што правел Седат Пекер 3 месеци во Македонија и зошто откако е протеран, тој не бил протеран во Република Турција, каде за него има потерница, туку во Косово?!

Дали Спасовски и Заев свесно го штителе Пекер и помогнале тој да не биде изнесен пред органите на прогонот во Република Турција?! Дали Спасовски и Заев свесно саботираат меѓународна акција?!

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ