Македонија
27. January 2019 - 19:59

ВМРО – ДПМНЕ со иницијатива за распуштање на Собранието, предвремени избори и оставка од Заев

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ утре до законодавниот дом ќе достават иницјатива за распуштање на Собранието и организирање на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.
Ваква одлука донесе Централниот  комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седницата одржана попладнево

Мицкоски вели дека опозицијата нема да прави компромиси со законите, па оттука, според него, организацијата на предвремени избори без почитување на роковите за формирање на Пржинска влада не се опција

Џафери веќе најави дека најдоцна до 8 февруари ќе ги распише претседателските избори. Во неговиот роковник за првиот круг е заокружен 22 април, а за вториот, во кој евентуално би се сместиле и парламентарните избори е резервиран терминот 5 мај. Но во овој рок веќе нема можност да се испочитува Законот за влада кој предвидува технички премиер и неколку министри од опозицијата,  бидејќи од денеска до 5 мај остануваат уште само 97 дена

Во таква ситуација, математиката вели дека за организирање на изборен процес согласно оваа законска регулатива, власта не може да планира термин пред 12 мај, а премиерот Заев би морал да си поднесе оставка најдоцна до 1 февруари.