ВМРО-ДПМНЕ: Со договорот е директно нарушен нашиот идентитет
Министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕијас, потврди дека со капитулантскиот договорот кој го потпиша Зоран Заев се менува идентитетот на народот.
Имено Никос Коѕијас јасно и недвосмислено го искористи терминот Северномакедонци на меѓународна конференција. Придавката северномакедонски за Македонците е веќе во употреба.
Колку Заев и да ја лаже јавноста дека забетонирал нешто, вистината говори дека со договорот е директно нарушен нашиот идентитет. Кој лаже сега господине Заев?
Зошто нема демант или протесна нота од Министерството за надворешни работи, зошто сеуште не го демантирате грчкиот премиер Ципрас кој јасно изјави дека не постои македонска нација, поточно со договорот не е признаена? Дали не ви смета што грчки министер за надворешни работи не ословува со сменет идентитет северномакедонски?
Ја преименувавте Македонија ерга омнес, а гледаме дека во тој пакет сте го преименувале и македонскиот народ и македонската нација. Со договорот направивте од готово – вересија, односно надвор од резолуцијата на Обединетите Нации преговаравте и го променивте нашиот идентитет. Придавката македонски од јазикот и националноста, која не беше недвосмислена и црвена линија во националната стратегија по ова прашање, вие ја продадовте многу евтино.
Изјавата дека сме Северномакедонци не доаѓа од било кого. Таа доаѓа од Никос Коѕијас, кој е потписник и директен учесник во преговорите од страната на Грција.
Оваа влада на чело со Заев ги лаже – ги суши граѓаните на Република Македонија.
Секое достоинство на Македонците е погазено со договорот кој беше потпишан во Преспа.
Погазено е уставното име, погазен е идентитетот на народот, погазен е и македонскиот јазик.
Чинителот на оваа срамна капитулација има име и презиме. Тоа е, почитувани, Зоран Заев, кој поради распродажбата на националните и државните интереси може да заврши на буништето на македонската историја како нов Коте од Руља.
Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април