Македонија
25. January 2021 - 9:39

ВМРО-ДПМНЕ: Со Царовска и СДСМ образованието системски се уништува

реакција на соопштението на СДСМ

Мила Царовска заедно со СДСМ го уништи образованието во Република Македонија. Околу 20.000 деца поради Царовска и СДСМ не можат да следат настава бидејќи немаат компјутери. Ветувањата за дигитализација во образованието се само сон, а поради неспособноста на СДСМ кровови паѓаат во училиштата.

Царовска со своите „реформи од Финска“ се обидува со сите сили да го укине предметот историја за да ја истурка бугарската агенда. Со СДСМ на власт ниту еден универзитет изминативе години не се најде на Шангајската листа од 1.000 најдобри универзитети во светот.

Со образование кое е политизирано не се ветува добра иднина на младите. Со Царовска образованието системски се уништува.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ