ВМРО-ДПМНЕ: СЈО се меша во локалните избори
СЈО директно се меша во претстојните локални избори и се обидува да влијае на резултатите, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
Доказ за тоа, според партијата, е тоа што, како што посочуваат, СЈО без никаков аргумент во предметите тенденциозно опфатил двајца членови на Државната изборна комисија и пет судии на Управниот суд.
- На петте судии веќе им е симнат и имунитетот. Направен е преседан. Се води кривична постапка против нив само заради судско убедување. Заднината на овој преседан е друга. Токму Управниот суд треба да одлучува по жалбите околу изборниот процес и на овој начин, преку СЈО, СДС испраќа порака и ги застрашува судиите кои би одлучувале, но и го ограничува, односно намалува бројот на судии кои ќе постапуваат, рече на денешната прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаде дека треба да се има предвид дека ДИК е институцијата која ги спроведува изборите и одлучува за нивната регуларност и до која политичките партии поднесуваат приговори за изборни нерегуларности и која одлучува дали некаде ќе се прегласува. Со ставање под контрола на ДИК и Управниот суд, рече Ѓорѓиевски, се отвора патот да се местат локалните избори и да се изигра волјата на граѓаните.
Ново на Сител
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс
-
Истрага за Онкологија – кој се ќе одговара за поигрување со човечки животи?