ВМРО-ДПМНЕ: СЈО ги бие битките на Заев
ВМРО-ДПМНЕ смета дека „СЈО функционира како општинска организација на СДСМ која ги бие политичките битки на Зоран Заев против неговите неистомисленици“.
СЈО, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, „спроведува нарачан политички прогон врз сите што не мислат исто како криминогеното раководство на СДСМ“.
- Денеска СЈО продолжи со политички прогон против медиуми и новинари кои не се под контрола на Заев и кои од негова страна беа прогласувани за најголеми политички непријатели, шпиуни, лажговци и јавно беа навредувани. СЈО се обидува да ги заплаши и цензурира медиумите кои не работат како што сака Зоран Заев. СЈО продолжува директно да го гази основното право на слобода на говор како највисок демократски принцип. СЈО е срам за целиот правосуден систем, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СЈО.
Денешниот настап на буквата „Т“, истакнуваат од партијата, беше целосно во функција на дефокусирање од тиранската платформа која, како што се посочува во соопштението, уценетиот Заев ја прифатил само за да дојде на власт и да се спаси од одговорност за сторениот криминал.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија