Македонија
19. January 2017 - 16:21

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО докажа дека Заев и Верушевски се виновни за „Пуч“

Специјалното јавно обвинителство цела година ја лажеше јавноста дека постапува по случајот „Пуч“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да го гони злосторничкото здружение кое незаконски следело комуникации, СЈО предводено од Катица Јанева одлучи да го аболицира Зоран Заев, додаваат од партијата.

Измислувањето причини за одложувања на судските рочишта за случајот „Пуч“беа јасен сигнал дека СЈО е политички инструмент и продолжена рака на аболицираниот криминалец Заев, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку уште од формирањето, СЈО го следат низа скандали.. Така Прва одлука на на обвинителстово беше ослободувањето на Верушевски од притвор.

Токму некогашниот прв човек на тајната полицијата се товареше дека заедно со Заев незаконски прибавиле над 70 илјади телефонски разговори.

За расветлување на случајот Пуч, Специјалното Јавно Обвинителство не ги зема во предвид ниту Скајп разговорите кои ги водел Верушевски  а во кои тој јасно наведува дека зад него стои таканаречениот чадор и дека сите материјали кои ги поседува му ги предал на Заев.

Катица Јанева ја игнорираше и судската пресуда и признанието на вработениот во управата за безбедност и контраразузнавање кој ја разоткри шпиунската шема на Верушевски и Заев.

Со посебни истражни мерки во премеирскиот клабинет беше снимен и самиот Заев како му вели на Груевскид ека поседува снимки добиени од странски служби.