ВМРО-ДПМНЕ Штип: Да излеземе на 2-ри јуни пред Владата, затоа што ново утро се раѓа
Една година Владата нè понижува, ни го гази достоинството, нè уништува. Една година откако нелегитимната Влада не ја подобрува економијата, здравството, културата, социјалната заштита, инфраструктурата. Веќе една година сме заложници на деструктивни политики и историски најголеми задолжувања, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Штип.
- Државата е во сериозна криза и нема напредок во ниту една сфера. Затоа, време е да станеме и да се бориме против тоа! Граѓаните на Македонија заслужуваат да бидат почитувани и да ги имаат основните човекови права. Да останеме будни и да не дозволиме да ја испуштиме историската шанса да кажеме НЕ на оваа Влада! Сега е нашата можност и обврска да покажеме дека сакаме светла иднина. Да не се откажуваме и храбро да тргнеме кон заштита на нашата иднина! Да излеземе на 2-ри јуни пред Владата, затоа што ново утро се раѓа, новото утре, кое ќе донесе нова надеж за Македонија и за граѓаните на Република Македонија. Ве повикувам, во сабота во 18:00 часот пред Новата пошта, да тргнеме заедно на големиот собир против оваа ненародна власт, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ Штип.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација