Македонија
1. јуни 2018 - 12:04

ВМРО-ДПМНЕ Штип: Да излеземе на 2-ри јуни пред Владата, затоа што ново утро се раѓа

Една година Владата нè понижува, ни го гази достоинството, нè уништува. Една година откако нелегитимната Влада не ја подобрува економијата, здравството, културата, социјалната заштита, инфраструктурата. Веќе една година сме заложници на деструктивни политики и историски најголеми задолжувања, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Штип.

- Државата е во сериозна криза и нема напредок во ниту една сфера. Затоа, време е да станеме и да се бориме против тоа!  Граѓаните на Македонија заслужуваат да бидат почитувани и да ги имаат основните човекови права. Да останеме будни и да не дозволиме да ја испуштиме историската шанса да кажеме НЕ на оваа Влада! Сега е нашата можност и обврска да покажеме дека сакаме светла иднина. Да не се откажуваме и храбро да тргнеме кон заштита на нашата иднина! Да излеземе на 2-ри јуни пред Владата, затоа што ново утро се раѓа, новото утре, кое ќе донесе нова надеж за Македонија и за граѓаните на Република Македонија. Ве повикувам, во сабота во 18:00 часот пред Новата пошта, да тргнеме заедно на големиот собир против оваа ненародна власт, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ Штип.