ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов за 4 години го зголеми долгот на Скопје за 8.5 пати, а не направи ништо
Шилегов за 4 години го зголеми долгот на Скопје за 8.5 пати, а не направи ништо, само врши набавки по дупли цени.
Петре Шилегов за 4 години колку што е градоначалник не направи ништо, тој не успеа ниту да почне еден свој капитален проект, по кој ќе можат идните генерации да се сеќаваат на него. На Шилегов сите ќе се сеќаваат по тоа дека е единствениот градоначалник во Скопје кој не направил ништо.
8.5 пати е зголемен долгот. Градот е задолжен, а никој не знае за што и како се потрошени овие пари.
Во истовреме Шилегов само се расфрла за набавки на ствари и услуги кои ги плаќа двојно и тројно поскапо.
Шилегов само со една набавка, таа на противпожарното возило со скала потроши 900.000 евра повеќе од тоа што троши град Загреб.
Само со една набавка Шилегов им зема 1 милион евра на скопјани.
Иста е постапката и со набавката на клупи со 7 даски за 500 евра.
Шилегов воопшто не размислува како ги троши парите на скопјани. Трошејќи се заборавил, па троши и од парите на идните генерации.
4 години Шилегов, 4 години украден живот. Доста е!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово