Македонија
28. September 2017 - 9:11

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов дава лажни ветувања и не може да биде градоначалник на Скопје

СДС и Шилегов уште еднаш покажаа со каква несериозност и лаги е правена програмата предвидена за претстојните локални избори, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Новата лага на Шилегов кон граѓаните е дека ќе гради парк на место кое е заштитено бунарско подрачје. На местотo на лажниот проект на Шилегов, всушност се наоѓа бунарско заштитено подрачје Нерези, од кое жителите на Скопје пијат вода во летниот период. Всушност бунарското подрачје Нерези-Лепенец, согласно решението донесено од град Скопје во 1999 година, е прогласено за заштитена зона. Местото каде што Шилегов го предвидува паркот се наоѓа во 1 заштитна зона од подрачјето и за него важи чл.7 од решението предвидена е забрана за движење на неовластени лица во подрачјето без посебно одобрение, забрането е садење на дрвја со длабоки корени, ѓубрење на садници и изградба на објекти кои не се во функција на експлоатација на бунарите, стои во партиското соопштение.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека пристап во I зона е дозволен само на лица кои се вработени ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и надлежни инспекциски лица.

-Пристап на други правни или физички лица е можен само со издадено потребно одобрение од страна на Директорот на претпријатието и за истите треба да се води евиденција која содржи лични податоци, временски период и причини за посетата. Недозволиво и несериозно е да се ветуваат работи кои можат да влијаат штетно на здравјето на граѓаните. И ова не беше единствената лага. Тој во Аеродром вети мост за поврзување со Гази Баба. Но таков пешачки мост на истото место каде вети веќе постои. Ова е уште едно лажно ветување на Шилегов. Шилегов кој дава лажни ветувања не може да биде градоначалник на Скопје. Човекот, а зборне излаже. Со лаги не се добива доверба, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата заклучуваат дека лагите на СДС и нивното неспособно работење ќе биде казнето од граѓаните и на 15-ти октомври ќе започне Новата ера во Македонија.