ВМРО-ДПМНЕ: Шест месеци се развлекува постапката за „Рекет“
Целиот случај Рекет е режирана претстава во која Русковска обвинителството треба да направи се за да го заштити аболицираниот криминалец Зоран Заев.
Шест месеци се развлекува постапката за да се прикријат трагите кои водат до раководството на СДСМ.
Русковска обвинителството истрагата ја водеше крајно непрофесионално и даде доволно време да се прикријат докази и да се влијае на сведоци. Истрагата заврши, а јавноста остана без одговори каде завршила Луј Витон торбата со 1,5 милиони евра, колку пари биле изрекетирани и кои се други бизнисмени биле опфатени од оваа криминално рекетарска банда.
Без одговор остана и прашањето дали со парите од Рекет е финансирана кампањата на СДСМ и Стево Пендаровски за претседателските избори.
Во медиумите и јавноста се појави информација дека жртвата во Рекет поседувала информации кои можат да го срушат Зоран Заев. Тоа е директна потврда дека Заев е длабоко вмешан во криминал за кој партизираното Русковска обвинителство не смее да отвори ниту една истрага.
Секојдневно на површина излегуваат информации со кои се потврдува дека Рекет се води крајно непрофесионално, и се докажува спрегата на обвинителството со власта.
Јавноста дозна дека Катица Јанева не земала само 50.000 евра, туку 350.000 евра, а исто така и дека министерот за здравство Венко Филипче присуствувал на средби помеѓу жртвата и Боки 13 на кои очигледно не се разговарало за болници, туку за криминал.
На сите им е јасно дека обвинетите Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Милески се само пипците на октоподот, а главата е во врвот на СДСМ. Претставата која ни ја приредуваат власта и Русковска се прави за да не се дознаат нарачателите, тие кои му ја даваа силата на Боки 13 за рекетот.
Правдата нема да биде задоволена доколку се казнат само овие три лица. Потребно е да се побара одговорност од сите кои им даваа ветар во грб на извршителите на рекетот.
Граѓаните ја очекуваат вистината и очекуваат правда која власта на СДСМ не може и не сака да ја испорача затоа што до гуша се заглавени во криминал. Правдата во Македонија ќе дојде после 12 април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта и ќе започне Обновата на Македонија.
Ново на Сител
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"