ВМРО-ДПМНЕ: Секој што сторил криминал, треба да одговара
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение истакна дека стои зад измените во Законот за помилување со кои не се дозволува помилување за одредени категории осуденици како што се оние поврзани со избори, педофилија и слично.
- ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека секој што сторил каков било криминал, треба да одговара. Таков беше ставот и кога обвинетиот криминалец Зоран Заев беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски, се вели во соопштението.
Партијата нагласува дека СДСМ уште во 2009 година кога се гласале измените на Законот за помилување, биле против и оти ја напуштиле седницата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата ја манипулира јавноста и лаже дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад одлуките на Уставниот суд.
- Јавноста неодамна преку медиумите дозна дека СЈО без основа го побарало и предметот за педофилија кој се води против членови на семејството на Зоран Верушевски, осомничен во предметот „Пуч“ и близок соработник на Зоран Заев. Затоа, ВМРО ДПМНЕ отворено се сомнева дека токму СДСМ има најголем интерес за една ваква одлука, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање