Македонија
11. September 2018 - 16:15

ВМРО-ДПМНЕ се позиционира пред референдумот - кој став ќе го застапува?

Највисокото партиско тело на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе го официјализира ставот за референдумот. Централниот комитет на партијата треба да донесе одлука, каква порака опозицијата ќе им испрати на граѓаните во пресрет на референумското изјаснување

Високи партиски извори за Сител брифираат дека Централниот комитет најверојатно само ќе го потврди ставот кој опозицискиот лидер го изнесе на последниот митинг во Кичево каде им порача на граѓаните на референдумот да се изјаснат по сопствено убедување.

Во меѓувреме власта на големо ја тера својата кампања, а пораките кон опозицијата да даде поддршка на референдумот се секојдневна пракса

Порака до ВМРО-ДПМНЕ денеска испратија и од иницијативата бојкотирам. Од таму бараат опозицијата да ја донесе како што велат, единствената исправна одлука и да го израдува народот со повик за  бојкот.