Македонија
21. August 2016 - 16:12

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае дека од буџетот не се финансираат ниту панорамското тркало, ниту рајската градина

ВМРО-ДПМНЕ секогаш води сметка за граѓаните во Република Македонија, и кога има и кога нема елементарни непогоди, за разлика од СДСМ кој редовно и бесрамно се обидува да ги манипулира оние на кои им е најтешко.

Ова го посочува владеачката парија во реакција на пишаното соопштение на СДСМ до медиумите во кое порача дека е можно да се обезбедат 53 милиони евра за надомест на штетата за поплавените од скопскиот и тетовскиот регион без да се прави ребаланс на Буџетот и нови задолжувања.

- Наместо да се посвети кон помагање на најпогодените во поплавените региони, СДСМ се фокусира на лажење. СДСМ знае дека преку Буџетот не се финансираат ниту Панорамското тркало, ниту Рајската градина, но лажењето е прв предмет кој го учат експертите од економската школа „Вице Заев“, се вели во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ. 

СДСМ, се додава, се води од мотото „колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“ и користи човечки трагедии за бесрамно и најдолно да лаже и манипулира.