ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ води политика на национално понижување
ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешното соопштение на СДСМ наведува дека Владата на СДСМ одбрала, како што се вели, политика на попуштање и на национално понижување.
- Пред изборите ветуваа брз влез во НАТО и брзо почнување на преговори со ЕУ. Тоа што ветија не го исполнија. Не само што не станавме членка на НАТО и не ги започнавме преговорите со ЕУ, туку се обидуваат да ги измамат граѓаните обидувајќи се да го претстават како успех деблокирањето на препораката за отпочнување на преговори за членство во ЕУ, односно остранување на условеноста на препораката, се вели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека за првите сто дена од работата на Владата се случила дипломатска криза со Србија и потпишан е договор со Бугарија којшто, како што се наведува, предвидува обврски само за македонската страна.
- Наместо да ги бранат интересите на Република Македонија и нејзините граѓани, владата на СДС се залета да носи стратегија за згрижување на стотици илјади мигранти, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023
-
МНР: Состанок на заедничкиот експертски комитет за историски, археолошки и образовни прашања согласно Преспанскиот договор
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“