ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со деструктивната политика ја оддалечи Република Македонија од евроатлантските интеграции
СДСМ со својата деструктивна политика ја оддалечи Република Македонија од евро-атлантските интеграции.
Со криминал и рекет не се оди напред.
ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати обезличување на Армијата на Република Македонија, нешто што никој не го бара од нас. Впрочем поради тоа ВМРО-ДПМНЕ поднесе идентичен закон, кој беше отфрлен од страна на власта и во кој што единствена разлика беше непромената на името Армија на Република Македонија.
Претставници на меѓународната заедница порачаa со ова криминално раководство на СДСМ, Македонија не оди напред.
Граѓаните заслужуваат подобра иднина. Заслужуваат да се чувствуваат безбедно, а криминалците да се најдат зад решетки. По 12-ти април ќе започне обнова на Македонија и сите врати ќе и се отворат ширум. Бидејќи на 12-ти април граѓаните ќе порачаат Заев и СДСМ никогаш повеќе.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота