ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ секогаш се пазарел со националните интереси
СДСМ се единствени во Македонија кои се пазарат со националните интереси, затоа Шилегов се обидува да го оттргне срамот на СДСМ од јавно декларираните ставови на партијата, се наведува во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Шилегов.
Според партијата, секој знае дека СДСМ го смени знамето и а донесе срамната референца БЈРМ, а Заев изјави дека треба да ја свиткаме кичматата во спорот за името. Воедно се посочува дека, „Зоран Заев на косовска телевизија, пред неколку месеци предложи да се воспостави албанскиот јазик низ цела држава, Љубомир Фрчковски промовираше идеја за поставување Албанец за премиер на државата, а Бранко Геровски, еден од главните советници во СДСМ, во својата колумна сугерираше да се размислува за федерализација на Македонија“.
- Затоа Шилегов се обидува да го оттргне срамот на СДСМ од јавно декларираните ставови на партијата. Но, тргање на срамот не е можно. Не кога СДСМ се пазари со националните интереси на Македонија. На 24 април СДСМ ќе дознае што народот мисли за нивното пазарење со националните интереси, стои во реакцијата.
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела