Македонија
2. October 2015 - 16:26

ВМРО - ДПМНЕ: СДСМ се плаши од избори и затоа ги одолговлекува преговорите

СДСМ отворено бара укинување на правото на глас на дијаспората. Ваквиот став опозициската партија го соопштила за време на преговорите за изборната регулатива преку барањето Македонија да биде една изборна единица. На овој начин, дијаспората би го загубила правото на глас, што е една од главните цели кои ги заговара опозицијата.

За разлика од СДСМ, во владејачката партија сметаат дека треба да се зголеми влијанието на македонската дијаспора во носењето на политичките одлуки во Македонија. Од воведувањето на правото за глас на дијаспората, ВМРО-ДПМНЕ редовно ги добива изборите надвор од македонските граници и токму тоа, според аналитичарите е главната причина поради која СДСМ сака Македонците надвор од Македонија да не одлучуваат за иднината на својата земја.

Од ВМРО-ДПМНЕ со став дека опозицијата прави максимални напори и да ги одолговлечи преговорите бидејќи како што  велат, на Бихаќка расте стравот како што се доближува денот до изборите. Од владејачката партија велат дека тактиката на СДСМ е да се излегува со нереални барања за кои однапред се знае дека нема да бидат прифатени.

Тодоров изрази надеж дека СДСМ ќе ја смени тактиката и ќе покаже конструктивност, бидејќи како што вели, ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа сите рационални предлози и покажува подготвеност за брзо и квалитетно решение.