Македонија
1. February 2017 - 15:42

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да манипулира за долгот

Јавниот и државниот долг се намалени во последниот квартал на 2016 година, а СДСМ секогаш кога  манипулира тоа го прави на штета на македонската економија и граѓаните на Република Македонија, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на СДСМ.

Се додава дека СДСМ со своите лаги и кодошење на Македонија на нејзините граѓани во случајот со издавањето на еврообврзницата им направи директната штета од 25 милиони евра, што е рамно на финансиски тероризам.

- Истите финансиски терористи од СДСМ им нанесоа штета на граѓаните  од 4 милиони евра по основ на камати на предвреме повлечени депозити поради кревањето на лажните паники за девалвација на денарот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, СДСМ се води по логиката „колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“ и со ниту едно лажно соопштение не можат да го покријат фактот дека Македонија се уште е меѓу најмалку  задолжените земји во Европа.

ВМРО-ДПМНЕ додаваат во реакцијата дека квазиекспертите од СДСМ со ниту една весела математика не може да покријат дека Македонија успешно ги менаџира јавните финасии и тоа  не го кажува само ВМРО-ДПМНЕ, туку и сите релевантни светски институции, како Евростат, Светска банка, ММФ, кредитните агенции Фич и Стандард и Пурс.