Македонија
25. March 2018 - 19:07

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со лагите и манипулациите

СДСМ продолжува со лагите и манипулациите. Факт е дека тие досега не направија ниту едно покачување, освен ако за покачување ги сметаат десеттината денари во септемвриската пензија.
 
Пензионерите кон крајот на 2017 година очекуваа зголемување, односно ветеното вонредно зголемување, а СДСМ тоа можеше да го направи зошто во владините фотељи седнаа на први јуни 2017 година. СДСМ направи и ребаланс на Буџетот, но ги заборави пензионерите и ветувањата кон нив.
 
Ниту вонредното зголемување го немаше.
 
Факт е дека СДСМ ги заборави пензионерите, а тие очекуваа ветеното да се оствари.
 
Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ овозможи континуиран раст на пензиите. Во 2006 година просечната пензија изнесуваше 7.684 денари, додека на крајот од 2016 година истата таа изнесуваше 13.754 денари, што е зголемување за 79%.