Македонија
12. јуни 2017 - 16:16

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ праќа соопштенија и реакции во име на СЈО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ уредно се појавувал на сите судски рочишта во кои што бил уредно и навремено поканет, велат од ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на денешното соопштение на СДСМ во кое побараа од поранешниот премиер Груевски „наместо да бега од обвинителите, да собере храброст и да се соочи со правосудните органи“.
 
- Зоран Заев е рекордер по средби со амбасадори, конзули, портири кои служат единствено како повод за да се избегне појавување пред судовите. Тој е човекот кој јавно кажа дека не го признава македонското судство. Заев е политичарот кој е два пати аболициран за финансиски криминал и за дела против државата. Првиот пат беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски за 8 милиони евра кои незаконски ги присвоил во случајот „Глобал“, а вториот пат му беше повлечено обвинението токму од страна на Катица Јанева за случајот „Пуч“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
 
Затоа, се додава, лицемерно е Заев да испраќа партиски соопштенија пред себе си да се погледне во огледало и се потенцира дека СЈО е продолжена рака на СДСМ и „воопшто не изненадува тоа што испраќаат соопштенија и реакции во име на Катица Јанева“.