ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не открива кон кои фирми должи
СДСМ фатени живи во рекетарски октопод и криминал ја активира фабриката за лажни вести да за ги покрие сопствените скандали.
СДСМ измислува скандали додека секојдневно на површина излегуваат криминалите на нивните функционери за местење на тендери, рекетирање бизнисмени и ограбување на државата и граѓаните.
Доколку е кривично дело тоа што тие тврдат, тогаш дали СДСМ самите себе ќе се казнат за долгот од 2.476.000 денари од претседателските избори прикажан во нивниот финансиски извештај?
Зошто СДСМ не открива кон кои фирми должи и дали врз истите секојдневно врши закани и притисоци за да не откријат за што точно е направен долгот?
За тоа кој е поврзан со случајот Рекет говорат фотографиите од секојдневните дружби со обвинетите како и изјавите на Зоран Заев дека никогаш нема да се откаже од Катица Јанева истиот период кога знаел дека таа рекетира.
Впрочем и обвинителството во проширената истрага за Рекет веќе води истрага за нивната пратеничка и скоро доскорешен потпретседател на партијата Фросина Ременски.
Криминалите на СДСМ повеќе не може да ги покрие ниту една манипулација на презентерот на лажните вести Михаузен Костадинов.
Јавноста очекува одговори, правда и одговорност, а тоа ќе го има после 12 април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта и ќе започне обновата на Македонија.
Ново на Сител
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро