ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наместо кај граѓаните парите ги насочи кон фирмите на Заеви и на високите функционери во власта
Лажните ветувања за живот и за економски процут се претворија во општ грабеж, економски колапс и уназадување на државата.
Македонија во време на СДСМ има убедливо најнизок раст на БДП, не само во регионот туку и во Европа. Македонија има најмалку странски инвестиции по глава на жител во споредба со околните земји. Македонија има најголем одлив на млади во време на СДСМ и Заев.
Македонија има највисока стапка на корупција и е во друштво со африканските земји. Македонија има над 500 илјади граѓани кои живеат во сиромаштија. Македонија има 70 проценти граѓани кои земаат плата помала од просечната. Македонија во време на Зоран Заев има историски најмала реализација на капитални инвестиции во услови кога долгот галопирачки расте и надмина над 5 милијарди евра.
Ова се вистинските економски неуспеси и порази за кои Зоран Заев и СДСМ се виновни. Економската обнова на Македонија ќе почне со поразот на Зоран Заев и неговите погрешни и штетни политики.
Народот знае дека ВМРО-ДПМНЕ е опцијата која што може да донесе одржлив економски раст стабилно стопанство и подобар живот на граѓаните. Затоа и граѓаните на претстојните избори во огромно мнозинство ќе ја дадат својата поддршка на ВМРО ДПМНЕ.
Залудни се флоскулите и новите лаги на СДСМ, во нив веќе не веруваат ниту нивните членови.
Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев кога ќе биде поразен мора да и замине од политиката.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри