Македонија
22. August 2016 - 21:19

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ манипулира и ги злоупотребува граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека СДСМ манипулира со судбината на граѓаните, на кои им е најтешко во моментов.

- Јавноста денеска дозна дека советниците на СДСМ во февруари 2016 година на седница на Советот на општина Гази Баба барале да не се субвенционира чистењето на одводните канали во општината и не гласале за одлуката. Пред камери глумат загриженост и хуманост, а зад камерите СДСМ гласа против помош на граѓаните, се вели во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Дамјан Манчевски од СДСМ. 

Жителите на поплавените региони и сите волонтери, како што се наведува, добро знаат дека сите институции се 24 часа на терен, состојбата се подобрува, а авансната исплата ќе биде дел од помошта која овие жители ќе ја добијат. За погодените во поплавените региони ќе има обесштетување од 100 отсо. 

- СДСМ, во очајна безидејност се обидува со најдолни манипулации, наместо да им помага на граѓаните, ги злоупотребува. Од ваквите постапки на СДСМ се срамат сите граѓани на Македонија, стои во реакцијата од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.